Академски стипендии

Можноста за студирање во САД не е достапна само за талентираните спортисти. Постои можност и за академски студии каде што секој ќе може да се усоврши во областа која сакате најмногу да ја проучите. Академската заслуга, финансиската состојба или личниот придонес се параметри според кои се одредува висината на стипендијата за овој тип на студии.

Нека не ве демотивира тоа што универзитетите во САД важат за најскапите образовни институции во светот. Интернационализацијата и отворањето на земјата кон надвор, значи дека скоро сите универзитети имаат програм за стипендии и повеќето од нив се отворени кон странски студенти.

Merit Scholarships  

Стипендија според заслуга наменета за успешни спортисти во средно училиште, академски надарени ученици или за заслуги во работа во заедницата

Financial Scholarships

Стипендија која е базирана според финансиските потреби на студентот

Country-based Scholarships

Стипендии наменети за студенти од земји во развој

Government-funded Scholarships

Стипендии финансирани од некој програм од владата на САД

Privately-funded Scholarships

Стипендија која е финансирана од приватните бизниси или донатори

Part Scholarships

Стипендија која може да се опише како еднократна исплата на одредена сума која може да покрие помал или поголем дел од трошоците за студирање

Merit Scholarships

Приватни и државни стипендии со кои студентот може да добие платени такси, здравствено осигурување. Некои студенти можат да добијат целосно ослободување за студирање, други целосно платени студии а трети сретства за развој на екстра проекти.