Преп академија

Подготвителна програма која единствено може да се сретне во едукативниот систем на САД. Што тоа значи? Сите оние кои сакаат да ги поправат своите оценки од средно училиште, или сакаат подобро да се спремат за SAT и Тоефл тестот, не се запишале на некој универзитет или сакаат да се запишат на подобар, оваа програма за усовршување е вистинското нешто за нив.

Покрај одличната академска подготовка, учениците ќе се развиваат и на спортско поле. Квалитетот на натпреварите е посилен од средношколските првенства и дава можност да бидат забележани од страна на колеџ тренерите кои исклучително ги следат овие натпревари. Со тоа расне и можноста за добивање на стипендија.

Овој програм трае од 5 до 9 месеци по што следува аплицирање на некој колеџ или универзитет.

За аплицирање на овој програм треба да потполните прашалник, да се изработи видео материјал. Потоа следуваа собирање на понудите на заинтересирани преп академии, избор на преп академија по што останува процедурата за интервју за виза и заминување во САД.