Џуниор колеџ

Сите оние кои подоцна аплицирале на даден програм, не собрале доволно поени на тестовите или имаат проблеми со англискиот јазик не треба да се разочаруваат бидејќи постои одлична можност и за нив, а тоа е Џуниор колеџ.

Студиите траат две години, а потоа може да се префрлат на универзитетската програма со која ќе го комплетираат своето образование во САД. Овие колеџи се групирани во NJCAA асоцијацијата (National Junior Collegiate Athletic Association) која опфаќа 525 џуниор колеџи низ целата територија на САД. Оваа асоцијација организира над 50 национални првенства.

За аплицирање на овој програм треба да потполните прашалник, да се изработи видео материјал и да се има положен TOEFL тест.

Потоа следуваа собирање на понудите на заинтересирани универзитети, избор на универзитет по што останува процедурата за интервју за виза и заминување во САД.

Со оваа програма се добива Associate диплома. Со оваа диплома постои можност за преминување на четиригодишни студии, односно довршување на уште две години од студиите.