Спортската јавност во целиот свет знае дека најдобрите услови за развој и тренинг се наоѓаат во САД. Нивните универзитети и средните училишта се отворени да им помогнат во спортскиот развој на спортисти од целиот свет. Завршувањето на колеџ со себе носи и престижна диплома признаена на светско ниво, која со себе носи можност за одличен живот и после завршување на спортската кариера
САД доделуваат стипендии за 29 машки и женски спортови. Студентите најчесто се занимаваат со кошарка, одбојка, тенис, фудбал, пливање или атлетика. Стипендијата се движи помеѓу 20 000 и 40 000 долари за една година. Во оваа цена се вклучени книги, предавања, тутори, трошоци за домување даноци и исхрана. Студент кој ги добие овие парични средства за возврат настапува за нивниот спортски тим. Трошоците за натпревари, патувања и спортска опрема се на самото училиште. Најчесто 100% стипендија се доделува на девојчиња, додека во машката конкуренција стипендијата се движи од 60% до 90%. Помалиот износ во машкот спорт го прави американскиот фудбал и бејзболот, кои се најпопуларни спортови во САД, па соодветно најголем број парични средства завршуваат кај овие играчи.
Распределба на стипендите зависи исклучиво од тренерот на екипата и неговата проценка. Како оди распределбата на стипендии ќе напишеме во следниот пример. Кошаркарска екипа брои 12 играчи, а тренерот има на располагање 8 стипендии. Според нивниот квалитет, тренерот одлучува кој играч колкава стипендија ќе добие. По завршување на сезоната тренерот одново ги распределува стипендиите според квалитетот на играчите, нивниот развој и постигнатите резултати.