Средно училиште
Образовниот систем во САД е навистина поразличен во споредба со нашиот, па пристапување кон средношколскиот програм придонесува полесно прилагодување на ученикот кон него. Завршување на средно училиште во САД дополнително го олеснува процесот на пронаоѓање на вистинскиот универзитет и добивање на стипендии за продолжување на образованието. Покрај задолжителните предмети, средните училишта имаат и изборни предмети, па секој ученик согласно своите афинитети си го трасира патот на своето образование.
Тестирањето се врши претежно во писмена форма, така да постои норма која треба да се исполни а таа се задоволува со собирање на кредити. Училишните центри се разликуваат и по големинта, па во САД се најчесто мали училишта со мали одделенија се со цел професорите да посветат поголемо внимание и поквалитетна настава за нивните ученици.
Кога се во прашање средношколските стипендии, средношколските тренери не ретко се определуваат за ученици кои ќе бидат подолг период дел од нивниот програм, со што би можеле да дадат максимален придонес.
За сместување во овие образовни центри се понудени две опции:
Boarding School - ученикот е сместен во склоп на училиштето
Hosting School - сместување кај семејства кои водат грижа за вашето дете. Овие семејства се одбрани од страна на училиштето.
Средношколската програма трае четири години