Универзитетска програма

Запишување на некој од универзитетите во САД одсекогаш било голем предизвик знаејќи дека се работи за најквалитетните образовни институции во светот кои ќе ви овозможат остварување на својот сон. Студенти од целиот свет се повеќе аплицираат за спортски стипендии на нивните универзитети, сакајки својот спортски развој да го продолжат токму таму каде што се наоѓаат најдобрите услови за тренинг. Покрај спортското усовршување, добивањето на престижна диплома нуди сигурност на вечното спортско прашање - што по спортската кариера.

Универзитетскиот спорт е поделен во две асоцијации:
NCAA(National Collegiate Athletic Association) - оваа асоцијација опфаќа 150 000 студенти од 23 спорта и 1200 универзитети
NAIA(National Association of Intercollegiate Athletics) - оваа асоцијација има 60 000 студенти од 13 спорта и 300 универзитети

Како би се исполниле сите услови, препорачливо е пристапување кон програмот да започне и до 18 месеци пред запишување на некој од универзитетите.

Секој кој сака да се влучи во овој програм треба да има завршено средно образование (4 степен) и да има положени TOEFL и SAT тест.

TOEFL

TOEFL во слободен превод би значело `тест по англиски јазик за странци` (Test of English as a Foreign Language) и е унифициран испит за нивото на владеење на англискиот јазик. Освен за упис, овој сертификат често е баран при вработување во приватни компании, дури е задолжителен за работа во јавна администрација. Тестот се содржи од четири дела: читање, слушање, говорење и пишување. Аплицирањето се врши преку страната на TOEFL IBT, а тестирањата се организираат од нивна стрнаа, неколку пати месечно на повеќе локации во нашата држава.

SAT

Официјален приемен испит за сите факултети во САД кој го полагаат сите студенти(домашни и странски).Критичко читање, математика и пишување(Critical Reading, Math, Writing) се трите секции кои се составен дел од овој тест. Првата секција се базира на повеќе понудени одговори на секое прашање. Делот по математика е составен од 10 задачи, и на крај е пишување на есеј.

За аплицирање на овој програм треба да потполните прашалник, да се изработи видео материјал и да се има положен TOEFL и SAT тест. Потоа пријава за NAIA/NCAA Eligibility Center, собирање на понудите на заинтересирани универзитети, избор на универзитет по што останува процедурата за интервју за виза и заминување во САД.

Со завршување на овој тип на четворогодишни студии добиате Bachelor диплома. По добивање на дипломата студентот може да се вработи, затоа што веднаш со неа се добива и работна виза од една година, и можност за регулирање на својот статус во САД.

Master дипломата е од трет степен и за неа се дообразува една до две години. За овој тип на студии не постои можност за спортска стипендија, меѓутоа доколку се истакнете во некоја област можно е универзитетот да ве задржи и да инвестира во вашето дообразование. Овој тип на дипломи имаат највисока репутациа во САД.