Често поставувани прашања

Дали децата се сигурни?

Институциите со кои соработуваме вршат надзор над децата 24/7, додека трае школската година. Агенцијата не е должна да бара сместување за време на распус

Постои ли друг тип на стипендија за студии?

Како странски студент, автоматски имате право да аплицирате на меѓународна стипендија. Оваа стипендија е независна од сите други стипендии. Условите е да имате просек 3.5(еквивалент на нашиот 4.5 просек), и изнесува од 2000 до 8000 долари по семестар. Со комбинација на спортска и меѓународна стипендија можно е добивање на целосна финансиска подршка

Како агенцијата доделува спортски стипендии?

Агенцијата не доделува стипендии и не дава гаранција дека на клиентот ќе му биде понудена стипендија. Таа врши промоција на клинетот и неговите вештини на универзитетите во САД, се со цел да се добие стипендија за школување. Тренерите се тие кои одлучуваат кој спортист колкава стипендија ќе добие

Може ли да се работи додека се студира во САД?

Студенти имаат опција работат додека се на студии, и тоа е препорачлива пракса. За да не се занемари студирањето, студентот е ограничен на работа од 20 часа неделно за која ориентирно би заработил 150 долари неделно или околу 600 долари месечно, на кои треба да се пресметаат околу 10% одбитоци за даноци

Што ако и други лица ми понудат слични услови?

По потпишување на договорот, клиентот е должен да ја извести агенцијата за било каква комуникација со тренерите или други лица кои можат да извршат влијание врз процесот за заминување во САД. Небитно е дали се работи за комуникација преку друштвените мрежи, мејл, телефон или некоја друга форма

Дали можам да направам трансфер помеѓу училиштата?

Доколку има можност за трансфер, играчот може да го стори тоа меѓутоа агенцијата не е должна да посредува во тој трансфер. За таа услуга е потребно да се потпише нов договр за посредување

Кога се заминува на студирање во САД?

Постојат две опции. Јануари(spring semester) или август(fall semester)

Дали нудите можност за студирање надвор од САД?

Да, Колеџ Талент Спортс е организација која соработува со голем број средни училишта, џуниор колеџи, универзитети и клубови во САД, Канада, Европа и Азија

Дали со сигурност ќе пронајдете училиште за моето дете?

Со нашето искуство можеме да процениме дали вашето дете ќе добие спортска стипендија. Дури и неговите вештини да не се на највисококо ниво, можеме да пронајдеме средина во која ќе продолжи да се развива

Потребно ли е знаење на јазик?

За запишување на универзитет е потребно положен тест и поголемо познавање на англискиот јазик, во однос на средношколските програми. Според досегашните искуства, на децата за еден месец го совладуваат јазикот и можат слободно да ја следат наставата без проблем

Колку се плаќа однапред и дали е тоа многу скапо?

Аплицирање во програмот е бесплатно. Основните трошоци започнуваат во момент кога клиентот ќе прифати понуда на одредено училиште. Во принцип нашите клинети добиваат делумна или целосна стипендија за спортско усовршување